Multi-language edition: |
| Вие
сте тука: ArmoniaInterior
> Македонски
> оваа
страница Преведувачи
|
|
|
Внимание молам!од
Мари Т. Расел Преведе Magdalena Horvat Цврсто верувам дека основната потреба на секој од нас е да биде сакан. Од бебињата до старите луѓе, на сите им треба љубов. Кога разгледувам околу себе, особено кога го гледам тоа што се случува во светот, согледувам дека оваа основна потреба донекаде станала изобличена. Потребата за љубов некои ја толкуваат како потреба за внимание. Кога сме биле деца, луѓето што не` сакале исто така ни обрнувале и внимание. Сме научиле добивањето внимание да го поистоветуваме со чувството дека сме сакани. Што се случува? Луѓето што се гладни за љубов се обидуваат да привлечат внимание! Некои од нив го прават тоа така што се истакнуваат на конструктивен начин, работејќи во театарот, медиумите, или така што стануваат врвни стручњаци во својата професија. Други, пак, избираат поинаков правец. Одат по патот на кражбите, убиствата, силувањата, бомбардирањата, војните, итн. Далеку зад нас се деновите кога можевме да седиме и да одмавнуваме со главата за тоа колку ужасен станал светот... денешнава младина... итн. Ние сме составен дел од светот. Ако „светот пропаѓа“ тогаш и ние сме одговорни. И ние сме дале придонес во општеството што ја остава телевизијата да ги воспитува децата. Сме ги поддржале програмите што ги подучуваат децата (преку модели за однесување) дека криминалот е начин да се добие внимание. Гледаме дури и филмови што се вистински приказни за убијци на деца и родители (каков начин на привлекување внимание!). Тука нема невини набљудувачи. Сите сме дел од сценариото. Дури и нашата сакана планета се вклучи во акцијата. И таа бара љубов... бара да се грижиме за неа, да престанеме да ја повредуваме, итн. Се бори за нашето внимание преку земјотреси, урагани, торнада, поплави, итн. Ни вели, паралелно со сите што бараат внимание: Обрнете ми внимание, молам. Ми треба помош, ми треба љубов. Има ли некој таму? Може ли некој да ми помогне? Ме слуша ли некој? Одговорот на тие прашања очигледно е „да“. Тука сме, и може да и` помогнеме. Веќе почнавме делумно да и` помагаме на планетата така што се фокусиравме на рециклирањето, садењето дрвја, подучувањето на децата (и на возрасните) да ја сакаат и да се грижат за планетата, како и за себеси. Што може да сториме околу насилството, лутината, злосторствата? Мојот одговор на тоа е: да обрнеме внимание! Но не така што ќе се фокусираме на криминалот, или на тоа „колку е ужасно“... (т.е. Слушна ли што сторил тој-и-тој?, итн.) Тоа има исти последици како и девијантното однесување. Треба да почнеме да им обрнуваме внимание на младите. Да им дадеме внимание сега, пред да се свртат кон криминалот за да бидат забележани, за да ги наведат медиумите да им ги испечатат имињата, за да зборуваат за нив на телевизија, и така натаму. Нема потреба да се гледаат со презир луѓето, кои се свртеле кон „негативните“ начини за добивање внимание. Треба да им подадеме рака и да им помогнеме да излезат од колосекот на кој се нашле. Треба да им покажеме, преку нашата грижа и постапки засновани на љубов, дека постои поинаков начин да се добие внимание. Треба да им помогнеме да научат оти вниманието што потекнува од љубов многу повеќе исполнува и наградува отколку вниманието предизвикано од страв, лутина и одбивање. Што може да сториме? Како луѓе што ги интересира повисоката свест и продуховеноста, треба да преземеме акција - позитивна акција. Контактирајте со локалните училишта и видете на кои организации им требаат волонтери. Подарете дел од своето време на младинските центри, понудете стари книги на затворските библиотеки, организирајте активности за деца и тинејџери преку кои ќе ја научат вредноста на добивањето внимание на позитивен и конструктивен начин. Распрашајте се во градското собрание, зборувајте со наставниците, спортските тренери, родителите. Како може да почнеме да им даваме внимание на децата веднаш? Како може да помогнеме во рехабилитацијата на општеството за тие што бараат внимание да не мора да се свртат кон криминалот? Ајде да овозможиме поддршка за развитотокот на самодовербата, самопочитта и љубовта кон себеси кај младите... Тоа кај нив ќе резултира со почитување и љубов кон околината и луѓето во неа. Да се сетиме и на возрасните. Погледни околу себе и види како може да ја споделиш својата љубов и внимание со тие на кои им треба. Понекогаш, само една насмевка може да значи многу... Некој што мисли дека не ти значи може да се почувствува посебно бидејќи си одвоил време да запреш и да си помуабетиш, или навистина да го ислушаш, или да му ја придржиш вратата од супермаркетот за да помине. Постои само една намирница која сите ја имаме во изобилство - љубовта. Бесплатна е и ја има во неограничени количини. Сите имаме љубов за давање. Таа е моќна исцелителка на емотивните рани. Им одговара на сите потреби. Да ја споделиме нашата љубов со тие на кои им треба (а зарем не ни треба на сите?), да ја гледаме љубовта како расте - и да ги видиме трансформациите што ќе се случат! Ајде! Одлуката е твоја. На секој од нас. Ние сме носителите на светлината. Да ја внесеме својата светлина каде што е потребна, во темните агли, во бедните квартови, во срцата на тие што им треба најмногу. Прекрасно е да се сакаат другите носители на светлина... тоа е лесно. Да излеземе сега и да го посееме семето на светлината каде што многу е потребно, за навистина да го видиме светот како блеска! Преведено
од " |
|
|
За авторот
|
Препорачана
книга: |
|
INNERSELF
BOOKS |
|
Index of articles in |
|
New Attitudes - New Possibilities © 2001 InnerSelf Publications, Cape Breton, Nova Scotia, Canada. |
|
InnerSelf Publications
Website Menu ArmoniaInterior | Natural Yellow Pages | Florida Naturally | Natural Hawaii |
|
New Attitudes - New Possibilities © 2001 InnerSelf Publications, Altamonte Springs, FL. |
|
InnerSelf Publications
Website Menu ArmoniaInterior | Natural Yellow Pages | Florida Naturally | Natural Hawaii |
|
New Attitudes - New Possibilities © 2001 InnerSelf Publications, Altamonte Springs, FL. |